-2.2 C
Pehčevo

    Хуманитарна акција во детската градинка ,, 7 Септември ’’

    Датум:

    Хуманитарна акција

    Вработените и децата од детската градинка ,, 7 Септември ’’ во соработка со Црвен Крст организираа низа пригодни активности  и хуманитарна акција, на која донираа се што може да помогне на едно социјално семејство.

    Хуманитарна акција

    За таа пригода големата група при градинката подготвија разни манифестации и пред гостите се претставија со рецитали за правата на децата, хуманоста и со музички точки, кои низ игра и песна одлично се забавуваа, а не останаа рамнодушни ниту гостите во градинката, меѓу кои беше и градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски и претседателот на Советот на општина Пехчево Стојче Стефановски.

    Хуманитарна акција

    За таа цел децата на своето другарче Добринка Бојчовска заедно со вработените во детската градинка и претставникот од Црвен Крст, донираа облека, детски играчки, прехранбени производи и се што може да му помогне на ова семејство кое живее во тешки услови.

    В.Д Директорката Гордана Вазлиска на сите им порачува да бидат хумани и да донираат кога се во можност.

    ,, Првите години од животот се темел на воспитанието и образованието на секоја индивидуа. Градинката обезбедува квалитетни услови за згрижување, воспитување и образование на децата од предучилишна возраст. Настојуваме секое дете да расте и да се развива во рамките на своите потенцијали и потреби. Децата ги учиме на толеранција, хуманост, традиционални и семејни вредности и работни навики, културни манири и основни животни умеења .

    Бидете хумани и донирајте барем еднаш кога сте во можност чувството е прекрасно кога знаеш дека на некого си му помогнал со нешто ’’, истакна В.Д директорката Вазлиска.

    Хуманитарна акција

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...