-2 C
Pehčevo

    Ѓраѓаните предлагаа нови и дополнителни извори за зголемување на приходите на општината на втората форумска сесија во општина Пехчево

    Датум:

    На втората форумска сесија, која се одржа вчера на 31 октомври 2016 година, граѓаните ја продолжија работата околу изготвувањето на општинскиот буџет на Општина Пехчево за 2017 година, во рамките на спроведувањето на буџетскиот форум, кој е дел од програмата „Форуми во заедницата“.

    Втора форумска сесија

    Според утврдениот распоред на форумскиот процес, на оваа сесија учесниците беа информирани за планираните и реализирани приходи до 30.09.2016 година, како и за планираните приходи на општината за 2017 година од страна на Советникот на Одделението за финансиски прашања Анита Каракашовска.

    Втора форумска сесија

    Истовремено, беше презентирана и листата на приоритети за развој на општината за 2017 година, изготвена според предлозите на граѓаните, кои на општо задоволство можеа да заклучат дека најголем дел од нив можат да бидат прифатени и вклучени во буџетот на општината.

    Втора форумска сесија

    Учесниците, кои, според правилата на форумот, работеа по работни маси, предлагаа и нови и дополнителни извори за зголемување  на приходите на општината, како што се воведување, туристичка такса, издавање на објекти под закуп и други извори, зголемување на процентот од ДДВ наменет за општините и слично.

    Третата форумска сесија е закажана за 14 ноември 2016 година.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...