-2.3 C
Pehčevo

    Градоначалникот Тренчовски со искрени честитки и огромна благодарност до раководството, стручниот штаб и сопственикот на фудбалскиот клуб од Пехчево ФК„Кит-го“

    Датум:

    Приемен денПочитувани членови на ФК„Кит-го“ – Пехчево,

    Почитуван сопственик г-дин Кире Гогов.

    Пред сѐ би сакал да Ви го честитам влегувањето во втората македонска фудбалска лига и да изразам огромна благодарност до раководството, стручниот штаб  и сопственикот на фудбалскиот клуб од Пехчево ФК.„Кит-го“, кои ни овозможија Пехчево да се промовира и да се развива и во спортски план.

    Ова се денови за спортот во Пехчево, а најголем за фудбалот од историјата па се до денес , од аспект на сите полиња. Огромна е среќата која што на сите граѓани на Пехчево ни ја подаривте со влегувањето во втората македонска лига. Ова за сите нас за сите наши граѓани се најсреќните денови во нашите животи кога во прашање е фудбалот. Успеавте да го направиме сонот реалност, успеавте да го земеме медалот за први во третата македонска лига – исток, кој на сите пехчевци  значи многу и кој е доказ за вашата работа и посветеност и најбитно е што Пехчево го извадивте од анонимноста во областа на спортот после долго време.

    Јас како градоначалник ќе се трудам да помагам со се што е во надлежност на општината и Ве уверувам дека општината секогаш ќе стои зад развојот на спортот и ќе имате огромна поддршка и соработка.

    ‘Спортот има сила да го менува светот. Спортот има сила да ги обединува луѓето’.

    Нека Ви е со среќа и Ви посакувам многу успеси во втората македонска фудбалска лига и се надевам дека во Пехчево ќе се освојуваат уште многу трофеи. Воедно Ви посакувам и успех во организацијата на финалето на женскиот фудбалски куп на Македонија кој ќе се одржи во среда на градскиот стадион во Пехчево.

    И на крај ќе си дозволам да кажам Ви благодариме и од името на сите граѓани на општина Пехчево!!

                                         Со почит,

    Градоначалник

    Драган Тренчовски

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...