12.6 C
Pehčevo

    Градоначалникот Тренчовски им оддаде признание на најуспешните на Макинова 2017 – Еконова

    Датум:

    ????????????????????????????????????

    По повод најновиот успех на учениците од ООУ,, Ванчо Китанов “- Пехчево и Гимназијата „ Ацо Русковски ’’- Берово, остварен деновиве на одржаната саемска манифестација на изложба на пронајдоци, иновации, нови технологии, нови производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско креативно творештво МАКИНОВА 2017 -Еконова, кој се одржа од 25-28 октомври во Скопје, градоначалникот на општина Пехчево Драган Тренчовски, денеска приреди прием за учениците заедно со нивните ментори, кои во оваа учебна година освоија вредни награди на разни домашни и меѓународни натпревари.

    Макинова 2017-

    Градоначалникот Тренчовски упати честитки и благодарност до наградените ученици и професорите што со нивниот успех истовремено се афирмира и Пехчево како град со висок потенцијал на млади надежни стручњаци пред кои веке сега се отвараат вратите на успешна професионална иднина во повеќе области.

    – Ова е голем успех за Пехчево и Малешевијата, уште една важна потврда дека Малешевијата има потенцијал и дека секогаш кога има одлична работа има резултати. Знам дека имате вистински квалитет за да дојдете до уште поголеми резултати. Можам само да ви посакам уште многу успеси и секако во скоро време да ја збогатите својата кариера со уште медали. Јас само можам да ви ветам комплетна поддршка – изјави градоначалникот Тренчовски.

    Приемот на градоначалникот им беше посветен на освојувачите на највисоките награди на годинешната МАКИНОВА 2017 – Еконова.

    Макинова 2017---

    На изложбата на пронајдоци, технички унапредувања, нови производи и творештво за млади МАКИНОВА 2017, ученикот Наде Бакаловска освои златен медал од областа на Еконова 2017 -Маст за испукани капилари,  додека со сребрениот медал се закитија Ива Бакаловска од областа Еконова 2017 – Клима уред, а доби награда и за најмлад учесник , Христијан Мазаров од одласта Еконова 2017 – Маса слагалица и Ненад Мазаров од областа Еконова 2017 – Држач за велосипед.

    Мегу наградените со сребрен медал е и Изабела Бакаловска во областа Еконова 2017 – природен сапун – домашен.

    Покрај личните импресии од настапите на натпреварите и остварените успеси на учениците, за нивните остварувања и мотивирањето во наставата задоволни се нивните професори-ментори: Борис Синдраковски, Натка Ременска, Стојан Стојменов и извршниот директор на Народна Техника – Берово Бистра Поп-Ѓорѓиева.

    Макинова 2017--

    Од страна на Народна техника – Берово на општината и на градоначалникот Драган Тренчовски им беа доделени благодарници за „Потикнување и ширење на иновативно творештво“, а на градоначалникот му беше доделена и Монографија 70 години Народна техника, и се заблагодарија за подршката која им ја дава општина Пехчево.

    – Им посакувам се најубаво. Уште еднаш им честитам за освоените медали. Тоа е голема афирмација за Пехчево и Малешевијата но и нивна лична афирмација. Се надевам дека успесите ќе бидат постојано со Вас, и се надевам дека уште многу пати ќе имаме можност да се среќаваме. Ваша обврска е да учите, постојано и со самото тоа да се надградувате, додаде градоначалникот на општина Пехчево Драган Тренчовски.

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...