Градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски и Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски, Пратеничката во Собранието на Република Македонија, Сузана Секуловска, заедно со претставници од локалната самоуправа и директорите на општинските јавни установи и претпријатија на ден 25.09.2015 година ќе оствари средба со жителите на Чифлик, Робово и Умлена.
Граѓаните ќе имаат можност непосредно да се запознаат со проектите кои општината во иднина планира да ги реализира во овие населби, но и да ги слушне градоначалникот проблемите и потребите од граѓаните, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните, развој на економијата и создавање поволна бизнис клима, решавање на комунални и инфраструктурни проблеми, поквалитетно образование, социјална заштита и здравство, со средства предвидени за 2015 – 2016 година.
А Г Е Н Д А
25.09.2015 ( ПЕТОК )
19:00 ч – Посета на село Чифлик
20:00 ч – Посета на село Робово
21:00 ч – Посета на село Умлена