По повод денешниот Ден на полицијата, Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски и Претседателот на Советот на општина Пехчево Стојче Стефановски ја посетија полициската станица во Берово и на полициските службеници им го честитаа денешниот ден.
Одлуката што сте ја донеле да им служите и да ги штитите граѓаните е одговорност, но и израз на голема храброст, која надополнета со љубовта кон татковината ве прави херои. Вие имате потполно право да се чувствувате достоинствено. Не само заради тоа што денеска е вашиот ден, туку заради пожртвуваноста и професионализмот со кој одговарате на сите предизвици, ставајќи се целосно во служба на граѓаните. Граѓаните,се свесни дека со вашата посветеност на чувањето на редот и законот, ја чувате слободата и демократијата и знаат да го ценат ризикот со кој се соочувате.
Ви го честитаме денот на Македонската полиција на сите вработени во Министерството за внатрешни работи.
Бидете горди на тоа што сте и тоа што го работите, стои во честитка упатена од градоначалникот и претседателот на Советот.