12.6 C
Pehčevo

    Градоначалникот Китански во посета на првороденото бебе во Пехчево

    Датум:

    Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански,  денес го посети првото новородено бебе во 2022 година во Пехчево, кое е девојче и тежи 3.300 грама, а долго е 50 сантиметри.

    Седмиот ден од новата година весел и бериќетен беше за семејството Андоновски, каде се роди Каја, второто дете на Александар и Марјана, а првото во Пехчево за 2022 година.

    Градоначалникот Китански и претставници од локалната самоуправа, денес официјално и честитаа на мајката. Среќната мајка ги прими честитките, а градоначалникот лично и ја додели наградата за првороденото дете во општината, пакет производи за бебиња и парична сума во висина од 6.000 денари, за секое првородено дете во општината и 4.000 денари за новородено дете.

    -Ова е одличен почеток во насока на зголемувањето на наталитетот во Пехчево кој бележи пад. Сакам да ви го честитам новороденото бебе, и посакувам на Каја да биде здрава, жива, весела, радоста да ја следи во текот на целиот живот, успесите и достигнувањата да не ја одминат во текот на целиот живот – истакна градоначалникот Александар Китански.

    Среќна сум и имам голема чест што ме посети градоначалникот, а донесе и подароци за мојата ќеркичка. Сепак ова ми e најубавиот подарок и на сите им ја посакувам мајчинската среќа – изјави родилката Марјана.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2024година

    Програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево...

    ПРОГРАМА – Ј7 за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2024 година

    ПРОГРАМА - Ј7 за одржување на јавно зеленило на...

    Програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрираникучиња за 2024година

    ПРОГРАМА за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и...