-2.5 C
Pehčevo

    Голем хуманитарен концерт за помош на граѓаните погодени од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина

    Датум:

    Под мотото „Да се обединиме во хуманоста“ Македонија ќе организира голем хуманитарен концерт в четврток во 19:00 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ за помош на погодените од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.

    Под мотото „Да се обединиме во хуманоста“ Македонија ќе организира голем хуманитарен концерт в четврток во 19:00 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ за помош на погодените од поплавите во Србија и Босна и Херцеговина.

    Владата во соработка со општина Пехчево ги повикува сите заинтересирани граѓани на општина Пехчево кои сакаат да присуствуват на хуманитарниот концерт да се пријават во просториите на општината.

    Лица за контакт: Душко Миовски и Живко Каликов. тел: 076/298-147  или 071/246-566

    Картите за концертот се по симболична цена од 150 денари, додека превозот за Скопје и назат е бесплатен.

    На концертот ќе настапат македонските естрадни ѕвезди Калиопи, Каролина Гочева, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Тијана Дапчевиќ, Кристина Арнаудова, Дани, Нокаут Некст тајм, ДНК, Ѓоко Танески, Сара Мејс, Димитар Андоновски, Сашо Гигов Гиш, Зоран Џорлев, Виолета Томовска, Миле Кузмановски, Ефто Пупиновски и многу други.

    Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски им се заблагодарува на сите граѓани и институциите кои ја покажаа солидарноста и хуманоста и веќе донираа за поплавените во Србија и БиХ на штандот во центарот на Пехчево и потсетува дека штандот останува до среда, а сите граѓани имаат можност, преку сите мобилни оператори да донираат средства со јавување на бројот со префикс 070/075/077/143 -400, вели Поповски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...