4.3 C
Pehčevo

    Годишно собрание на пехчевското здружение на пензионери

    Датум:

    Пехчевското здружение на пензионери денеска одржа годишно собрание на кое беа разгледани и усвоени извештаите за годишното финансиско работење, извештајот за работата на здружението во 2019 година и извештаите на комисиите.

    Пензионери

    Борис Зарински, претседател на Здружение на пензионери во Пехчево информира дека е констатирано позитивно работење за 2019 година.

    – Со годишниот буџет се финансира здружението, се финасираат екскурзии, спортски натпревари и рекреација за пензионерите во нашата држава, но и надвор од проектите на државата, нашиот пензионерски хор, а се финансираат и останати активности и режиски издатоци, рече Зарински.

    Тој додаде дека тековните средства се користени рационално согласно финансискиот план, а одредени осцилации кои се бележат во финансискиот план се потрошени согласно одлуките донесени од страна на собранието.

    На Седница на Собранието на здружението на пензионери присуствуваше и градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски, кои според досегашното работење пројавуваа грижа за сите граѓани на општината.

    – На задоволство на Здружението можам да истакнам дека новиот пензионерски дом наскоро ќе отпочне со работа, сите недостатоци ќе бидат остранети и сите барања за негово функционирање се веќе разгледани и се изнаоѓа решение за целосна реализација, и за краток период ќе биде ставен во функција, истакна градоначалникот Тренчовски.

    Пензионери

    Собранието оцени дека 2019 година благодарение на добрата работа,ефикасното искористување на финасиските средства и навременото обезбедување на сите информации, Здружението на пензионери, успешно ги заврши програмските задачи и ја следи планираната динамика на остварување на Програмата за работа за 2020 година, која ќе биде доплнета со нови програмски задачи.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...