4.3 C
Pehčevo

    ФК Кит Го од Пехчево значително засилен ги почна подготовките за третолигашката пролет

    Датум:

    kit-goЕдна недела течат подготовките на третолигашот Кит Го Пехчево, кој оваа пролет значително ги засили своите редови. Екипата која ја предводи тренерот Трајче Сенев оваа пролет е посилна за Јамаковски од Тиверија, Мартин Димовски и Алексовски од Македонска Каменица, Синев и Колев од Овче Поле, Митевски од Силекс и Стефан Мишев од Брегалница.

    Комплетната експедиција од Пехчево од 6 февруари ќе ги полни батериите во спортскиот комплекс „Истатов” во Дојран, каде ќе минат 11 дена. Договорени се и повеќе контролни натпревари, низ кои добро ќе се воигра тимот.

    Екипата од Пехчево со Хоризонт од Турново веќе одигра прв тест и победи со 2-0, со головите на Марио Филиповски и Симески. На 4 февруари против Вардар Неготино, на 8 февруари во Гевгелија против Кожуф, на 15 февруари со Земун во Дојран, на 17 февруари против Борец во Велес и на 26 февруари со Беласица во Струмица.

    Кит Го Пехчево има тешка задача во Третата лига – исток да се наметне пред лидерот и најсериозен кандидат за промоција во ВМФЛ, Беласица од Струмица.

     

    http://www.gol.mk/fudbal/kit-go-od-pehchevo-znachitelno-zasilen-gi-pochna-podgotovkite-za-tretoligashkata-prolet

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...