1.7 C
Pehčevo

    Ечат трубите во Пехчево. Започна фестивалот на дувачки орекстри Пехчево 2015

    Датум:

    Бојан Ристич

    Ечат трубите во Малешевијата најавуваќи 4 жешки вечери во малото Пехчево . 5-то издание на фестивалот на дувачки оркестри стартуваше синоќа и донесе гости од цела МАкедонија, но и од соседна Србија и Бугарија.
    „Ова е многу значајно за Пехчево и навистина е убава манифестација. Имаме гости од Бугарија, Охрид, Битола, Скопје“, велат жители на Пехчево.
    „Лани бев за прв пат и многу ми се допадна, а со Пехчево соработуваме, знаете ние од другата страна на Малешевијата имаме сличен фестивал Малешево пее и секогаш користиме вакви прилики да размениме искуства и да ја продлабочиме соработката“, изјави Емил Илиев, градоначланик на Струмјани, Р. Бугарија.
    Фестивалот започна со традиционалното дефиле на мажоретките од Благоевград и дувачкиот оркестар од Сандански, а на сцената на отворено се редеа настапите на учесниците, меѓу нив и Танец. Кулминацијата на вечерта ја направи дувачкиот оркестар од Србија Брас-бенд, многукратен победник на Гуча.
    „Со големо задоволство настапуваме на 5-тото издание на фестивалот на трубата во Пехчево,бидејќи знаеме дека Македонија е јака трубачка сила со желба да биде уште подобра и имаме големо задоволство што на граѓаните од Македонија ќе ја претставиме нашата интернационлна програма со која бевме во Италија, Шпанија,Хрватска, Словенија“, вели раководителот на групата- Брас-бенд.
    „Се надевам дека ќе бидеме овде и наредните години, местото е прекрасно и се надевам дека секоја година ќе се гледаме“, рече Бојан Ристиќ, член на Брас бенд.
    Без звукот на трубите нема прослава во Малешевијата. Оваа традиција Пехчево успеа да ја спакува како туристичка понуда од регионот која ќе донесе и економски бенефит за локалната економија.
    „Во нашиот крај отсекогаш имало виртуози кои свиреле блех музика и среќен сум што токму по тоа сме уникатни во државата“, изјави Игор Поповски, градоначланик на Пехчево.
    Финалната вечер на фестивалот е на Павловден, празникот на градот, кога ќе биде организиран и традиционалиот саем на ракотворби, а натпреварувачкиот дел и прогласувањето на победниците кои ќе имаат директен настап на Гуча, ќе се случува на Павловден доцна вечерта.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...