4.3 C
Pehčevo

    Две фабрики ќе се градат во индустриската зона во Пехчево

    Датум:

    Една конфекција и фабрика за производство на палети, се првите фирми кои ќе се отворат во индустриската зона во Пехчево. На јавното наддавање за продажба на 5- те плацеви во индустриската зона, беше продаден и плац з а продажба на градежни материјали.Почетната продажна цена на плацевите беше по 1 евро од метар квадратен.
    „Не очекуваме голем приход од продажбата на овие плацеви, но целта ни е развој на индустријата и вработување на младите. Општината ќе има приходи со плаќањето на комуналии од страна на овие фирми“ , изјава Игор Поповски, градоначланик на Пехчево.
    Инаку, главна економска определба на Пехчево останува развојот на туризмот и адутот за туристичка дестинација на Равна Река.
    „Оваа година ќе се реши канализацијата и електричната енергија што досега беше голем проблем“ потенцира Поповски.
    За изработката на канализацијата се обезбедени 250 илјади евра, а во моментов на продажба се 30 плацови за викенд куќи и 1 хотел.
    – See more at: http://www.televizijastar.com/index.php/2013-12-12-17-26-39/2013-12-12-17-54-11/item/2573-kje-se-gradat-dve-fabriki-vo-pehchevskata-industriska-zona#sthash.eVgn37SR.GBT5vRIJ.dpuf

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...