0.9 C
Pehčevo

    Дваесет и трета Седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски донесе решение за свикување на дваесет и третата седница на советот.

    23-тата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за понеделник 14.03.2016 година, со почеток во 08 часот.

    Седницата ќе се одржи во салата за состаноци на општина Пехчево, со предлог на следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД
    за 23-та седница на советот на Општина Пехчево

    1. Предлог Одлука за усвојување на Завршната сметка на општина Пехчево за 2015 година;
    2. Предлог Одлука за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за квартал од 01.01.2015 година до 31.12.2015 година (кумулативно);
    3. Предлог Одлука за именување на членови на Управен одбор на ЈКП “Комуналец”,Пехчево ;
    4. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за извршени работи на ЈКП Комуналец”, Пехчево за 2015 година;
    5. Предлог Одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈКП “Комуналец”, Пехчево за 2015 година;
    6. Предлог Одлука за финансиско учество на општина Пехчево по повикот распишан од бирото за регионален развој – Предлог проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби за проектот “ Уредување на мал плоштад во с.Умлена – општина Пехчево”;
    7. Предлог Одлука за финансиско учество на општина Пехчево по повикот распишан од бирото за регионален развој – Предлог проекти за развој на селата за изработка на техничка документација за улици во населените места во општина Пехчево;
    8. Предлог Одлука за експропријација на праведен надоместок на пазарна вредност на недвижен имот во општина Пехчево;
    9. Предлог Одлука за усвојување на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2016 година;
    10. Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата на Полициската канцеларија Пехчево за 2015 година;
    11. Предлог Одлука за усвојување на Завршната сметка за работењето на ЈПУД “Равен” – Пехчево за 2015 година;
    12. Предлог Одлука за усвојување на Програмата за работа на ЈПУД “Равен” – Пехчево за 2016 година;
    13. Предлог Одлука за усвојување на Финансовиот план за работа на ЈПУД “Равен” – Пехчево за 2016 година;
    14. Барања од граѓани;
    15. Советнички прашања;
    16. Тековни активности.

    Совет на Општина Пехчево
    Претседател
    Стојче Стефановски с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...