-2 C
Pehčevo

    Дваесет и осма Седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски донесе решение за свикување на дваесет и осмата седница на советот.

    28-мата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за понеделник 26.12.2016 година, со почеток во 09 часот.

    Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД

    за 28-та седница на советот на Општина Пехчево

    1. Предлог Одлука за верификација на мандат на член на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог Одлука за усвојување на Буџетот на општина Пехчево за 2017 година;
    3. Предлог Одлука за усвојување на одлуката за извршување на Буџетот за 2017 година;
    4. Предлог Одлука за усвојување на Буџетскиот календар на општина Пехчево за 2018 година;
    5. Предлог Одлука за утврдување на Благајнички максимум за 2017 година;
    6. Предлог Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2017 година;
    7. Предлог Одлука за усвојување на иницијатива од општина Пехчево;
    8. Предлог Одлука за отпочнување на постапка за изработка на ДУП за Градски стадион ул.,,Илинденска,, во Пехчево;
    9. Предлог Одлука за порамнување на недвижен имот во Пехчево;
    10. Предлог Одлука за определување на висината на надоместокот за користење на музика во јавни локали – годишно;
    11. Предлог Одлука за усвојување на Програмата за работа на одделението за урбанизам, комунални работи, животна средина и ЛЕР за 2017 година”;
    12. Предлог Одлука за давање на времено користење на недвижна ствар на Здружението на пензионери Пехчево;
    13. Предлог Одлука за усвојување на Програма за активностите на општина Пехчево за 2017 во одласта на туризамот;
    14. Предлог Одлука за усвојување на Финансиски и наративен извештај за Фестивалот на дувачки оркестри ,,Пехчевски павловден 2016 “;
    15. Информација за спроведување на буџетски форум во Пехчево 2016/2017 година;
    16. Предлог Одлука за усвојување на Програмско финансиски извештај за работата на ОУМБ ,,Кочо Рацин”, Пехчево;
    17. Предлог Одлука за усвојување на Финансиски план за работа на ОУМБ ,,Кочо Рацин”, Пехчево за 2017 година;
    18. Предлог Одлука за именување и разрешување на челн на Управен одбор на ОУМБ ,,Кочо Рацин”, Пехчево;
    19. Барања од граѓани;
    20. Советнички прашања;
    21. Тековни активности.

    Совет на Општина Пехчево

          Претседател

            Стојче Стефановски с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...