-2.6 C
Pehčevo

    Дружење низ спортски игри во градинката ,, 7 Септември “ – Пехчево

    Датум:

    Дечињата и вработените во детската градинка ,, 7 Септември “ – Пехчево заедно со родителите, денеска ги реализираа спортските активности насловени ,, Спортуваме и се радуваме “.

    Дечињата и вработените во детската градинка ,, 7 Септември “ - Пехчево заедно со родителите, денеска ги реализираа спортските активности насловени ,, Спортуваме и се радуваме “.
    Активностите се одвиваат како дел од проектот ,, Традиционални игри, спорт и спортски активности “, доставен од Министерството за труд и социјална политика од Програмата за ран детски развој и има за цел да ги промовира и популаризира спортот и рекреацијата кај најмладата популација.
    Целта на овој проект е вклучување на родителите во активностите на градинката и развивање на спортскиот дух кај децата уште од најрана возраст и развивање на спортски и здрави навики во животот.
    Дечињата и вработените во детската градинка ,, 7 Септември “ - Пехчево заедно со родителите, денеска ги реализираа спортските активности насловени ,, Спортуваме и се радуваме “.На настанот учествуваа дечињата од поголемите групи во градинката како и нивните родители, кои заедно беа вклучени во спортските игри. Тие се натпреваруваа во повеќе дисциплини, и тоа: влечење јаже, возиме автомобил, игра со топка-штафета, погоди во цел со топка, погоди во кош, како и Еко модна ревија.

    Спортуваме и се радуваме2
    -Целта е јасна, децата да се научат да спортуваат, да се запознаваат едни со други, да се дружат да комуницираат, да се почитуваат. Преку игрите всушност децата ги учат вредностите кои што сме ги имале и ние и нашите родители, кои што биле наше секојдневие, а денес поради модерниот начин на живот се подзаборавени. Спортувајќи децата постојано ќе се дружат меѓусебе и на сите нив им посакувам забава и многу успех, порача градоначалникот Поповски.

    Радоста кај децата беше огромна и преовладуваше натпреварувачкиот дух, а родителите го изразија своето задоволство од организацијата.

     

     

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...