Во рамки на проектот Open Fun Football Schools во спортската сала ,, Јане Сандански ‘‘ започна тринаесетитот по ред фудбалски настан, организиран од Опен фан фудбалската школа во Пехчево.
Целта на овој проект на „толеранција“ е поврзување на децата и луѓето од различно етничко потекло на повторно ниво на дијалог. Неговата основна идеја е „фан – забавниот концепт“: Она што е важно е аспектот на играта, задоволството кое произлегува од играњето, а не резултатот и подобрувањето на нивото на вештините.
Во организација на Опен фан фудбалската школа и општина Пехчево повеќе од 100 деца од ООУ ,, Ванчо Китанов ‘‘, 5 дена ќе другаруваат и ќе се забавуваат низ спортски игри.
Како дел од екипата која го организира овој настан е и локалната самоуправа на чело со градоначалникот Игор Поповски кој на сите им посака многу забава и дружба.
– Спортот ги обединува луѓето без разлика на која раса и нација им припаѓаме. Затоа и целта на овој проект е поврзување на децата и луѓето од различно етничко потекло, затоа и нивната основна идеја е аспектот на играта, задоволството кое произлегува од играњето, а не резултатот и подобрувањето на нивото на вештините. Ваквите натпревари и дружење се од големо значење затоа што придонесуваат за размена на искуства и знаења за спортот како и за зголемување на интензитетот на натпреварувањата кои што се главен предуслов за успех во спортот.
Овој денешен настан е од посебен интерес на градот , затоа што е дел од афирмацијата на програмата за спортско – културните содржини во општината, па затоа максимално ги поддржуваме, ќе ги поддружуваме и во иднина сите организации, сите луѓе кои што се вклучени во спортот, со цел да направиме, максимални услови спортот да биде број еден во нашата општина. Кога има таленти кои во такви услови можат да бидат одлични и перфектни, тогаш со поголема поддршка од Локалната самоуправа би биле исклучителни.
Најголемо задоволство ќе ни биде ако меѓу нив има и некоја идна фудбалска ѕвезда која ќе го промовира градот Пехчево, не само во Македонија туку и пошироко во Европа, истакна градоначалникот Поповски.