-2.5 C
Pehčevo

    Доделени првите сертификати на таксистите кои го положија испитот

    Датум:

    Денес во општина Пехчево беа доделени сертификатите за авто-такси возачи на кандидатите кои што ја завршија обуката и го положија испитот за добивање на Сертификат за авто-такси возач во општина Пехчево.

    Денес во општина Пехчево беа доделени сертификатите за авто-такси возачи на кандидатите кои што ја завршија обуката и го положија испитот за добивање на Сертификат за авто-такси возач во општина Пехчево. До денес ја завршиле обуката и го положиле испитот 7 кандидати, коишто за да ја посетуваат обуката и да го полагаат испитот платиле надомест утврден со трошковникот.

    Денес во општина Пехчево беа доделени сертификатите за авто-такси возачи на кандидатите кои што ја завршија обуката и го положија испитот за добивање на Сертификат за авто-такси возач во општина Пехчево.
    Сертификатите им беа доделени од страна на градоначалникот Игор Поповски.
    -Денеска официјално им ги доделуваме првите сертификати за авто-такси возачи на кандидатите коишто ја завршија обуката и го положија испитот за добивање Сертификат за авто-такси возач во општина Пехчево, пред комисија составена од 5 членови, од кои 3 членови се овластени правни лица од општина Пехчево и 2 членови се од такси компании. Сертификатот е потребен и мора да го има секој таксист, затоа што вклучува основни познавања за градот. Се надевам дека со добивањето на овие сертификати кандидатите ќе се воведе поголем ред во такси превозот, ќе се зголеми безбедноста на патниците коишто користат такси услуги, ќе се зголеми квалитетот на тие услуги и ќе се елиминира нелојалната конкуренција во такси превозот- истакна градоначалникот Поповски, им подари туристичка карта на Пехчево и им посака успех во понатамошната работа во такси превозот.

    Денес во општина Пехчево беа доделени сертификатите за авто-такси возачи на кандидатите кои што ја завршија обуката и го положија испитот за добивање на Сертификат за авто-такси возач во општина Пехчево.
    Кандидатите кои добија сертификат се заблагодарија и исто така, сметаат дека со полагањата за добивање Сертификат за авто-такси возачи ќе се подобри квалитетот на услугите, како и евиденцијата на такси превозниците. Тие потенцираа дека посетувањето на обуката нив и на сите други кандидати коишто ќе добијат сертификат ќе им помогне многу поквалитетно да ја извршуваат својата работа.
    Претставниците на такси компаниите се пожалија на градоначалникот за состојбата со нелегалните такси превозници и потребата од зголемување на инспекциските контроли, но и на намалениот број такси возачи и финансискиот товар што го повлекуваат овие измени.
    Градоначалникот на општина Пехчево апелира до сите граѓани на општината, секој кој има потреба од такси превоз да користи такси компании кои имаат лиценца издадена токму од локалната самоуправа и возилата кои се одбележани од општината, во спротивно доколку се возите во нелиценцирани такси возила ве затекне овластен испектор превозникот и патниците може да добијат глоба согласно законот.
    Инаку, право на полагање на испитот за добивање сертификат за автотакси-возач имаат сите физички лица што поседуваат потврда за завршена обука издадена од овластеното правно лице и возачка дозвола за Б-категорија. Градот, по објавување на јавниот повик при продолжување или подготвување нови лиценци за автотакси-превоз, како услов за нив ќе го бара и сертификатот за автотакси-возачи и без него нема да издава лиценци за вршење на оваа дејност.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...