-2.1 C
Pehčevo

    Дневен ред за 4-та седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 4-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 06.02.2026 год (петок). 4-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од трета седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за именување на член на управен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    3. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови во надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    4. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за Програмата за еднакви можности помеѓу мажите и жените на општина Пехчево за 2025 година;
    5. Предлог одлука за усвојување на извештај за реализирани активности од Програмата за работа на Локалниот младински совет на општина Пехчево за 2025 година;
    6. Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
    7. Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор во ЈЗУ Здравствен Дом Д-р ,,Иван Георгиев,, – Пехчево;
    8. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за реализирани активности од програмата за здравствена и социјална заштита на општина Пехчево за 2025 година;
    9. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за реализираните активности од програмата за превенција за детско престапништво за 2025 година;
    10. Предлог одлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈKП ,,Комуналец,, – Пехчево, за 2026 година;
    11. Предлог одлука за усвојување на Финансиски план на ЈKП ,,Комуналец,, – Пехчево, за 2026 година;
    12. Предлог одлука за усвојување на годишниот план за јавни набавки на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2026 година;
    13. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за утврдување вредност на бод за пресметување на плата на административните (јавните) службеници, давателите на јавни услуги и помошно техничките лица, за 2026 година;
    14. Предлог одлука за разрешување и именување на членови на општински совет за превенција на детско престапништво во општина Пехчево;
    15. Предлог одлука за усвојување на измени на Годишен план за вработување во општина Пехчево за 2026 година;
    16. Предлог програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Пехчево, за 2026 година;
    17. Предлог програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево, за 2026 година;
    18. Предлог програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево, за 2026 година;
    19. Предлог програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, за 2026 година;
    20. Предлог програма за управување со отпад на општина Пехчево, за 2026 година;
    21. Предлог програма за работа на општински комунален инспектор, за 2026 година;
    22. Барање од граѓани;
    23. Советнички прашања;

     

    Совет на општина Пехчево

                                                                                  Претседател

                                                                                                         Миле Гошевски с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани