-6.1 C
Pehčevo

    Дневен ред за 33-та седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 33-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 25.02.2025 (вторник). 33-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 32-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за прифаќање на иницијатива од ДПТ Пеком – Инженеринг увоз – извоз ДООЕЛ за измена и дополнување на ДУП за дел од плански опфат – Пехчево;
    3. Предлог програма за здравствена и социјална заштита на општина Пехчево, за 2025 година;
    4. Предлог програма за еднакви можности меѓу жените и мажите на општина Пехчево и работа на КЕМ, за 2025 година;
    5. Предлог одлука за усвојување на годишна програма за финансирање на проекти од областа на културата и спортот на општина Пехчево, за 2025 година;
    6. Предлог одлука за усвојување на урбанистичка ревизија на општина Пехчево;
    7. Предлог одлука за усвојување на програма за работа на локален младински совет на Општина Пехчево, за 2025 година;
    8. Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за утврдување вредност на бод за пресметување на плата на административните (јавните) службеници, давателите на јавни услуги и помошно техничките лица, за 2025 година;
    9. Предлог одлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈKП ,,Комуналец,, – Пехчево, за 2025 година;
    10. Предлог одлука за усвојување на Финансиски план на ЈKП ,,Комуналец,, – Пехчево, за 2025 година;
    11. Предлог одлука за усвојување на годишниот план за јавни набавки на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево, за 2025 година;
    12. Предлог одлука за определување на паричен надомест за одржана седница на членовите на управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
    13. Предлог одлука за усвојување на програма со акциски план за спроведување на активности за превенција за детско престапништво, за 2025 година;
    14. Предлог одлука за усвојување на измени на Годишен план за вработување во општина Пехчево, за 2025 година;
    15. Предлог одлука за формирање на општински совет за социјална заштита;
    16. Предлог одлука за усвојување на финансов извештај од завршната сметка на OУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево, за 2024 година;
    17. Предлог одлука за усвојување на финансов извештај од завршната сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево, за 2024 година;
    18. Предлог одлука за усвојување на Програмата за работа на oдделението за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина, при општина Пехчево, за 2025 год;
    19. Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
    20. Предлог одлука за кофинансирање при имплементација на проектот ,,Поврзување на локални патишта,, финансиран со заем од Меѓународна банка за обнова и развој – Светска банка: Реконструкција на ул. ,,Илинденска,, со крак од улица ,,Даме Груев,, и ,,Мирче Ацев,, во Пехчево;
    21. Предлог програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Пехчево, за 2025 година;
    22. Предлог одлука за усвојување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Пехчево, за 2025 година;
    23. Предлог oдлука за усвојување на Завршната сметка на OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2024 година;
    24. Предлог одлука за усвојување на финансиски извештај за фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски павловден 2024 година;
    25. Предлог oдлука за усвојување на полугодишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2024/2025 година;
    26. Предлог одлука за давање на позитивно мислење за измени и дополнувања на Статутот на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
    27. Предлог одлука за давање согласност на Статут на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево – пречистен текст;
    28. Барање од граѓани;
    29. Советнички прашања;

     

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Виолета Ѓорѓиевска с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...