2.1 C
Pehčevo

    Дневен ред за 3-та седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 3-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 23.12.2025 (вторник). 3-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од втората седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за усвојување на Буџетот на општина Пехчево за 2026 година;
    3. Предлог одлука за извршување на Буџетот на општина Пехчево за 2026 година;
    4. Предлог одлука за утврдување на вредност на бодот на платите на државните службеници за 2026 година;
    5. Предлог одлука за утврдување на висината на благајничкиот максимум за 2026 година;
    6. Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Пехчево за 2026 година;
    7. Предлог одлука за усвојување на годишен извештај за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2025 година;
    8. Предлог одлука за усвојување на Програма за работа на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2026 година;
    9. Предлог одлука за усвојување на програма за работа на Доброволно противпожарно друштво – Пехчево, за 2026 година;
    10. Предлог програма за здравствена и социјална заштита на општина Пехчево, за 2026 година;
    11. Предлог програма за еднакви можности меѓу жените и мажите на општина Пехчево и работа на КЕМ, за 2026 година;
    12. Предлог одлука за усвојување на програма со акциски план за спроведување на активности за превенција за детско престапништво, за 2026 година;
    13. Предлог одлука за усвојување на програма за работа на локален младински совет на Општина Пехчево, за 2026 година;
    14. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови во управен и надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    15. Предлог одлука за усвојување на план за јавни набавки на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево, за 2026 година;
    16. Предлог програма за изградба, реконструкција и одржување на јавно осветлување на подрачјето на општина Пехчево, за 2026 година;
    17. Предлог програма за изградба, реконструкција и одржување на водоводи и канализациона мрежа, одржување и изградба на речни корита и уредување и изградба на вештачки системи во општина Пехчево, за период 2026 год;
    18. Предлог програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта и улици во општина Пехчево, за 2026 година;
    19. Предлог програма за изработка на планови за општина Пехчево, за 2026 година;
    20. Предлог програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Пехчево, за 2026 година;
    21. Предлог одлука за усвојување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Пехчево, за 2026 година
    22. Предлог Програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Пехчево, за 2026 година;
    23. Барање од граѓани;
    24. Советнички прашања;

     

     

     

    Совет на општина Пехчево

    Претседател

    Миле Гошевски с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Јавен оглас за член на Ндзорен одбор во ЈКП Комуналец – Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Надзорен одбор...

    Јавен оглас за член на Управен одбор во ЈКП Комуналец – Пехчево

    ЈАВЕН ПОВИК за пријавување на лица -          за член на Управен одбор...

    Р Е Ш Е Н И Е за поништување на Објава број 1/2025

    Р Е Ш Е Н И Е за поништување на...

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026 НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО На 24.11.2025 и...