3.9 C
Pehčevo

    Дневен ред на триесет и шеста седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.06/2016 и 05/2019), ja свикувам 36-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 25.05.2021 година (вторник). 36-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево со почеток во 11:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од 35-та седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог oдлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2021 година до 31.03.2021 година;
    3. Предлог одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Пехчево за 2021 година;
    4. Предлог oдлука за усвојување на измени и дополнувања на Статутот на општина Пехчево;
    5. Предлог oдлука за усвојување на завршна сметка на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2020 година;
    6. Предлог oдлука за усвојување на годишен план за вработување во ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2021 година;
    7. Предлог oдлука за усвојување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на општина Пехчево за 2021 година;
    8. Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за работењето на центарот за развој на источен плански регион за 2020 година;
    9. Предлог oдлука за усвојување на годишен извештај за спроведување на програмата за развој на источен плански регион за 2020 година;
    10. Предлог oдлука за усвојување на Измени и дополнувања на годишен план за вработување во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2021 година;
    11. Предлог oдлука за прифаќање на донација (стара железна ограда) од OJУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
    12. Предлог програма за одржување на јавна чистота во општина Пехчево за 2021 година;
    13. Предлог програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Пехчево за 2021 година;
    14. Предлог програма за работа на општински комунален инспектор на општина Пехчево за 2021 година;
    15. Предлог програма за третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња за 2021 година;
    16. Предлог програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Пехчево за 2021 година;
    17. Предлог програма за управување со отпад на општина Пехчево за 2021 година;
    18. Предлог oдлука за усвојување на годишна програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Пехчево и работа на туристичко информативнот центар – Пехчево,
    19. Предлог oдлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
    20. Предлог oдлука за усвојување на Правилникот за начинот и вршење на видео-надзор на територијата на oпштина Пехчево;
    21. Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Пехчево за 2021 година;
    22. Предлог одлука за давање на користење Лаптопи Tesla Notebook на ОOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
    23. Барања од граѓани;
    24. Советнички прашања;
    25. Тековни активности;

    Совет на Општина Пехчево

    Претседател

    Николчо Јовчев с.р

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...