0.7 C
Pehčevo

    Дневен ред на седумнаесета седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 17-та седница на советот.

    Седумнаесетата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за 04.03.2019 (Понеделник), со почеток во 13 часот.

    Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 16-тата седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за усвојување на полугодишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2018/2019 година;

    3.      Предлог одлука за определување на крајбрежниот појас на селска река во општина Пехчево, опфатен со урбанистички план за с.Црник;

    4.      Предлог одлука за определување на крајбрежниот појас на Негревска река Поток 1 и Поток 2, во општина Пехчево, опфатен со урбанистички план за с.Негрево, општина Пехчево;

    5.      Предлог одлука за определување на крајбрежниот појас на Умленска река, Поток 1 и Поток 2 во општина Пехчево, опфатени со урбанистички план за с.Умлена, општина Пехчево;

    6.      Предлог одлука за определување на крајбрежниот појас на Робовска река покрај опфат на с.Робово, опфатен со урбанистички план за с.Робово, општина Пехчево;

    7.      Предлог одлука за определување на крајбрежeн појас на Пехчевска река пред влев на притоки, поток спој на река Негревска и Речиново, поток Речиново, Река Негревска, Пехчевска река по влив на притоки во УПС Чифлик, општина Пехчево;

    8.      Предлог одлука за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2018 година до 31.12.2018 година;

    9.      Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на општина Пехчево за 2018 година;

    10.  Предлог план за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Пехчево (2019-2021 година);

    11.  Предлог програма за третман на кучиња скитници и други нерегистрирани кучиња за 2019 година;

    12.  Предлог план за вршење на инспекциски надзор на овластениот инспектор за животна средина и комунални работи на општина Пехчево за 2019 година;

    13.  Предлог одлука за усвојување на програмски извештај за ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2018 година;

    14.  Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2018 година;

    15.  Предлог одлука за усвојување на извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2018 година;

    16.  Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2018 година;

    17.  Предлог одлука за усвојување на тримесечен финансиски извештај за работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.10.2018 год. до 31.12.2018 год;

    18.  Предлог одлука за усвојување на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево, за начинот на обештетување на граѓаните кои плаќале солидарен фонд;

    19.  Предлог одлука за усвојување на изменувањето на годишниот план за вработување во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2019 година;

    20.  Барања од граѓани;

    21.  Советнички прашања;

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                            Претседател

                                                                                                            Николчо Јовчев с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...