4.3 C
Pehčevo

    Дневен ред на седмата седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 7-мата седница на советот.

    7-мата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за 09.05.2018 (среда), со почеток во 13 часот.

    Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД

    1.     Усвојување на записникот од 6-та седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2017 година;

    3.      Информација од ЈПУД ,,Равен,, – Пехчево;

    4.      Предлог одлука за усвојување на одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;

    5.      Предлог одлука за усвојување на одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево;

    6.      Предлог одлука за усвојување на Извештајот за работа на Полициската канцеларија Пехчево за 2017 година;

    7.      Предлог одлука за разрешување и именување на член на комисија за финансирање, буџет и ЛЕР;

    8.   Предлог одлука за разрешување и именување на член на комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;

    9.      Предлог одлука за разрешување и именување на член на комисија за општествени дејности;

    10.  Предлог одлука за разрешување и именување на член на комисија за венчавки;

    11.  Предлог одлука за разрешување и именување на член на комисија за еднакви можности на жените и мажите;

    12.  Предлог одлука за разрешување и именување на член на комисија за заштита на потрошувачите;

    13.  Предлог одлука за разрешување и именување на член на комисија за изработка на програма на советот на општина Пехчево;

    14.  Предлог одлука за поништување на Одлуката за краткорочно задолжување на општина Пехчево бр.08-299/1 од 05.03.2018 година;

    15.  Предлог одлука за учество на општина Пехчево во ИПА ИНТЕРРЕГ програмата за Прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, со проектот ,,Развој и имплементација на заеднички пристапи и насоки за управување со вредните гео-локалитети во заштитените и предложени за заштита подрачја во  прекуграничниот регион,,;

    16.  Предлог одлука за усвојување на стратегија за развој на руралниот туризам на општина Пехчево за периодот 2018-2023 година;

    17.  Предлог одлука за усвојување на студија за состојбите и потенцијалот за развој на рурален туризам во општина Пехчево;

    18.  Барања од граѓани;

    19.  Советнички прашања;

    20.  Тековни активности;

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                            Претседател

                                                                                                            Николчо Јовчев

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...