-2.5 C
Pehčevo

    Дневен ред на првата седница на Советот на Општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам првата седница на Советот на општина Пехчево за ден 30.11.2021 (вторник). Првата седница на Советот на Општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 13:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД

     

    1. Усвојување на записникот од конститутивната седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог одлука за верификација на мандат на член на Советот на општина Пехчево;
    3. Предлог одлука за формирање на Комисија за Статут и прописи;
    4. Предлог одлука за формирање на Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој;
    5. Предлог одлука за формирање на Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
    6. Предлог одлука за формирање на Комисија за изработка на Програма на Советот на општина Пехчево;
    7. Предлог одлука за формирање на Комисија за заштита на пациентите;
    8. Предлог одлука за формирање на Комисија за одбележување на значајни настани;
    9. Предлог одлука за формирање на Комисија за општествени дејности;
    10. Предлог одлука за формирање на Комисија за венчавки;
    11. Предлог одлука за формирање на Комисија за еднакви можности на жените и мажите;
    12. Предлог одлука за формирање на Комисија за заштита на потрошувачите;
    13. Предлог oдлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2021 година до 30.09.2021 година;
    14. Предлог одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Пехчево за 2021 година;
    15. Предлог одлука за донесување на урбанистички план за село Робово, општина Пехчево плански период 2016 – 2026 година;
    16. Предлог одлука за усвојување на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево, за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водoснабдување, за регулиран период 2022-2024 година;
    17. Предлог одлука за усвојување на одлука од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за утврдување на тарифа за собирање и одведување на урбани отпадни води, за регулиран период 2022-2024 година;
    18. Предлог одлука за усвојување на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за утврдување на висина на цената за собирање и транспортирање на комунален отпад од викендици на туристичкиот локалитет ,,Равна река,, – Пехчево;
    19. Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти;
    20. Предлог одлука за давање на користење на движни ствари – македонско ромски Речник и Граматика на современиот ромски јазик на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево и ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево;
    21. Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на OJУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
    22. Советнички прашања;
    23. Тековни активности;

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                        Претседател

                                                                                                        Виолета Ѓорѓиевска

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...