-2.5 C
Pehčevo

    Дневен ред на осумнаесетата седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 18-та седница на советот.

    Осумнаесетата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за 29.03.2019 (петок), со почеток во 13 часот.

    Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 17-тата седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2018 година;

    3.      Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2018 година;

    4.      Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ЈПУД ,,Равен,, – Пехчево за 2018 година;

    5.      Предлог одлука за усвојување на завршна сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2018 година;

    6.      Предлог одлука за усвојување на Програмата за изработка на планови за општина Пехчево за 2019 година;

    7.      Предлог одлука за приоретизација на проект на општина Пехчево во рамки на Регионалните Форуми во заедницата во Источниот плански регион;

    8.      Предлог oдлука за финансиско учество на општина Пехчево во имплементацијата на проектот ,,Партерно уредување со поставување на урбана опрема на Пехчевски водопади, Туристичка населба Равна Река Пехчево, општина Пехчево;

    9.      Предлог oдлука за одржување на туристичката инфраструктура изградена во рамки на проектот  ,,Партерно уредување со поставување на урбана опрема на Пехчевски водопади, Туристичка населба Равна Река Пехчево,, општина Пехчево;

    10.  Предлог одлука за одобрување за користење на средства согласно Законот за финансиска поддршка на единиците на локалната самоуправа и единки корисници основани од единиците на локалната самоуправа за финансирање на доспеани, а неплатени обврски;

    11.  Предлог одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување вредност на бод за пресметување на плата на административните службеници во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;

    12.  Барања од граѓани;

    13.  Советнички прашања;

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                            Претседател

                                                                                                            Николчо Јовчев с.р


    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...