-2 C
Pehčevo

    Дневен ред на четврта седница на Советот на општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Николчо Јовчев донесе решение за свикување на 4-та седница на советот.

    4-тата седница на Советот на општина Пехчево е закажана за понеделник 12.02.2018 година (понеделник), со почеток во 13 часот.

    Седницата ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со предлог на следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД

     
    1.      Усвојување на записникот од 3-та седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за констатирање престанок на мандат на член на совет на општина Пехчево;

    3.      Предлог одлука за усвојување на кварталниот извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2017 година до 31.12.2017 год.;

    4.      Предлог одлука за усвојување на завршната сметка на општина Пехчево за 2017 год.;

    5.      Предлог одлука за краткорочно задолжување на општина Пехчево;

    6.      Предлог одлука за измена на одлуката за извршување на Буџетот на општина Пехчево бр.08-1366/1 од 22.12.2017 год.;

    7.      Предлог одлука за усвојување на програмата за работа и развој на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2018 година;

    8.      Предлог одлука за усвојување на финансиски план на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2018 година;

    9.      Предлог одлука за усвојување на годишен план за јавни набавки за 2018 година на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    10.  Предлог одлука за усвојување на Одлуката за промена на висина на цена за влез на оператор за погребување за користење на инфраструктурата на градските гробишта во Пехчево, донесена од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    11.  Предлог одлука за усвојување на Одлуката за усогласување на стопанисувањето на претпријатието со градските гробишта, донесена од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    12.  Предлог одлука за утврдување на паричен надоместок за новородено дете на територијата на општина Пехчево;

    13.  Предлог одлука за усвојување на годишен план за вработување во општина Пехчево за 2018 година;

    14.  Предлог одлука за давање на користење недвижна ствар на невладина организација ,,Кхам,, – Делчево;

    15.  Предлог програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2018 година;

    16.  Предлог одлука за усвојување на полугодишниот извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2017/2018 година;

    17.  Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;

    18.  Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево;

    19.  Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    20.  Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;

    21.  Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор на ЈЗУ ,,Здравствен дом,, – Пехчево;

    22.  Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ЈПУД ,,Равен,, – Пехчево;

    23.  Информација од JПУД ,,Равен,, – Пехчево за членови на управен одбор и Финансиски извештај (приходи, расходи и обврски спрема физички и правни лица);

    24.  Барања од граѓани;

    25.  Советнички прашања;

    26.  Тековни активности;

    Совет на општина Пехчево

                                                                                                            Претседател

                                                                                                            Николчо Јовчев

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...