0.9 C
Pehčevo

    Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој Игор Златков во посета на Пехчево

    Датум:

    Traktor-traktor-zemjodelie-zemjodelieДиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој Игор Златков ќе ги посети земјоделците од Пехчево.

    Средбата ќе се одржи во салата при Домот на културата „Јане Сандански“ на 9 мај (вторник) во 20 часот.

    Земјоделците ќе бидат информирани за сите актуелности од областа на земјоделството, а ќе имаат можност да ги искажат своите проблеми, но и да дадат свои предлози, идеи и сугестии поврзани со земјоделството, но и за настанатите штети на земјоделски насади од ниските температури.

    На средбата со директорот на Агенцијата ќе се разговара и за можностите и условите за користење на средстваста од новата ИПАРД Програмата 2014-2020 година за мерките:

    • Инвестиции во физички средства на земјоделски стопанства
    • Диверзификација на фармите и развој на бизнис (посебен акцент ќе се стави на рурален туризам)

    На средбата ќе присуствуваат и претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – подрачна канцеларија Пехчево.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 33-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...