-2.5 C
Pehčevo

    Честитка од градоначалникот Поповски по повод новогодишните и божиќните празници

    Датум:

    Градоначалник ПехчевоПочитувани сограѓани,
    Ценети пријатели.

    Зад нас останува уште една година. Година во која секој од нас се потсетува што се сработил за себе, за своето семејство, за својот град и својата татковина. Затоа што со секој наш поединечен успех, придонесуваме за заедничен успех, придонесуваме за земјата во целина, но и за достоинството на сите граѓани на општина Пехчево.
    Пред нас е период во кој ќе останеме посветени на реализацијата на проектите и реформите на модернизацијата на општината, кои ќе придонесат за развој и просперитет на нашето Пехчево. Ќе останеме на утврдениот курс и зацртаните цели, на исполнување на она што сме го ветиле. Ќе продолжиме со посветена и чесна работа, колку и да не навредуваат, дефокусираат, обвинуваат. Ние ќе опстоиме и ќе продолжиме силно напред, со нашата искреност кон секој граѓанин на општината.
    Со уште посилно темпо ќе продолжиме во новата година да ја реализираме нашата изборна програма со која ја добивме довербата од граѓаните. Ќе работиме како и досега доследни на кажаното и искрени кон својот народ. Ќе продолжиме да бидеме отворени за секој што го прифаќа нашиот начин на работа и нашите приоритети за подобро, поуспешно и просперитетно Пехчево.
    Ве повикувам и во наредниот период силно да не подржувате и активно да се вклучите во новите проекти и новите активности. Со уште посилно темпо да продолжиме и во новата година која е пред нас да ја остваруваме нашата заедничка мисија. Со слога, разбирање и толеранција, да се движиме по зацртаниот пат на развој на нашата општина.
    Во претстојната 2015 година посакувам да ги оствариме сите планови за подобар живот, да бидеме здрави, работливи и вредни, посакувам секој од нас да се радува на своите успеси, како што тоа го правевме во годината која изминува. Да се радуваме на своите успеси во професијата, на успешниот работен ден. Да се радуваме на успесите во школувањето, на стекнатото знаење и проширените погледи кон светот. Посакувам да се радуваме на проширувањето на семејството и на семејните слави и веселби.
    Јас како градоначалник на општина Пехчево на сите граѓани им го честитам христијанскиот празник Божиќ и Новата 2015 година, со желба за здравје, среќа и благосостојба.
    Радоста и среќата нека бидат најголеми придружници во годината што ни следи.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...