4.3 C
Pehčevo

    Честитка од градоначалникот Поповски до припадниците на ромската заедница

    Датум:

    По повод Светскиот ден на Ромите, градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски, испрати честитка до припадниците на ромската етничка заедница во општината.

    Дозволете ми, во името на Општина Пехчево и во свое лично име, да Ви упатам срдечни честитки по повод 8 Април – Светскиот ден на Ромите, а Вам и на Вашите семејства да Ви посакам многу здравје, успех, личен просперитет и благосостојба. Ромите се составен дел во политичкото, културното, економското и образовното живеење во општината и според политичките права на Ромите, Пехчево и понатаму ќе биде пример во регионот и во Република Македонија. Задоволен сум од нивниот придонес во изградбата на мултиетничкиот и мултикултурниот карактер во општината. Уверен сум дека и во иднина, како и досега, заеднички ќе дејствуваме кон градење еднакви можности за сите, почитувајќи го принципот на еднаквост, недискриминација, промовирајќи ја заштитата на правата и владеењето на правото.

    Општина Пехчево е нашиот заеднички дом, општината отсекогаш се грижела и ќе се грижи за сите граѓани, без оглед на нивната етничка, верска, социјална и друга припадност – рече градоначалникот Поповски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...