Жешки ноќи во Пехчево и Малешевијата најавува петтото јубилејно издание на Фестивалот на трубите во Пехчево. Малешевијата ќе ечи од виртуозите на труба, од 10 до 13 јули.
Миле Кузмановски, Јордан Митев, Влатко Илиевски, Викторија Лоба, Дани со свој концерт на петтото јубилејно издание на Фестивалот на дувачки инструменти Пехчево 2015. Покрај поднатите музички имиња во ревијалниот дел ќе настапат познати македонски и бугарски диџеи,меѓу нив и DJ ERIK FOX и атрактивната Симона. Листата на учесници полека се затвора, а досегашните подготовки најавуваат жешки ноќи во Малешевијата за време на 4-те ноќи додека трае фестивалот.
На плоштадот е планирано поставување на штандови со скара и пиво.
Инаку, во натпреварувачкиот дел се очекуваат најголемите виртуози на трубата од Македонија, а пријавувањето на учесниците е во тек. И оваа година, златната труба од Пехчево се пласира директно на балканскиот фестивал во Гуча, Р. Србија. Наградите, златната труба, труба и тапан ги обезбедува Општина Пехчево и спознорот ДО РЕ МИ.
Фестивалот да дувачки оркестри ќе се одржува од 10-13 јули во центарот на Пехчево, а организацијата е на Општина Пехчево со поддршка на локални фирми и партнери на Пехчево.