Вчера на плоштадот во Пехчево, пехчевци, за прв пат можеа да уживаат во музичките и во акробатските точки на околу 10 артисти во рамките на деветтиот „Баскерфест“.
Акробати, танчери, жонглери, комедијанти, се наредија на плоштадот, за време на еднодневниот фестивал, и приредија спектакуларна акробатска изведба. Уличните изведувачи ги воодушевуваа подеднакво возрасните и децата сé до доцна навечер, бесплатно.
За адреналинска забава се погрижија познати брејкденсери, магионичари, танчари, жонглери и уметници од далечната Јапонија до Канада преку Нигерија, па се до Нов Зеланд.
Покровител на настанот е општина Пехчево.
Општина Пехчево стремејќи се визуелно да ја дефинира културната мисија за оплеменување на срцето на Пехчево веќе неколку години наназад организира настани и манифестации преобразувајќи ги соновите во јаве. Развојот на современиот туризам не може да се замисли без присуството на поливалентните вредности на културата, бидејќи туризмот е синтеза на културата, манифестирана преку сите свои облици и културни вредности.