-2.3 C
Pehčevo

    Александар Поповски е најсреќниот за Водици во Пехчево

    Датум:

    Дваесет и едногодишниот Александар Поповски од Пехчево беше најбрзиот и најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во реката Писа.

    Жителите на Општина Пехчево и оваа година масовно го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици. Дваесет и едногодишниот Александар Поповски од Пехчево беше најбрзиот и најсреќниот кој успеа да го фати осветениот крст во осветените води во реката Писа.

    DSCN5187

    Традиционално осветување на водата на пехчевска Писа се одржа во присуство на голем број верници од Пехчево, но сепак, најсреќен е 21-годишниот Александар, кој по прв пат го извади светиот крст од водите на ладната река Писа.

    DSCN5190

    Среќниот Поповски на сите православни христијани им го честиташе христијанскиот празник Богојавление и посака многу среќа, радост и здравје.

    -Поголема чест од оваа што го фатив крстот нема.  Да даде Господ секој да почувствува какво е чувството. Немам зборови со кои можам да го опишам ова. Прва година се обидувам да го фатам светиот крст и ми успеа, а оваа среќа подарена од Бога за здравје и бериќет, ќе ја споделам со своето семејство, моите другари и сограѓани и им посакувам многу здравје, среќа и бериќет -истакна среќниот Александар Поповски.

    На традиционалното осветување на водата на реката Писа во Пехчево и оваа година учествуваа 30-тина млади пехчевци кои скокнаа во водата обидувајќи се да го фатат светиот крст во водите на реката Писа.

    DSCN5192

    Младиот Александар го доби LCD – телевизорот што го доделува општина Пехчево, а градоначалникот на општина Пехчево, Игор Поповски, лично му го честиташе успехот, но и празникот на сите граѓани на Пехчево, од свое лично име и од името на општинската администрација, посакувајќи им љубов, почитување и успешна година на сите полиња.

    На големата церемонија претходеше и водосвет во црквата ,, Св. Петар и Павле ’’ каде голем број верници беа присутни на Свечената Богојавленска литургија. Отец Горан и отец Љупчо му посака успех, среќа и благодет на најсреќниот на овогодинешните Водици, Александар, како и на сите граѓани на Пехчево. Во нивната порака се повика на љубов, меѓусебна толеранција и почитување, во име на Светиот дух на Господ Бог кој според православното христијанство на овој светол ден му се јави на човештвото, за прочистување на неговото тело и дух, во водите на Јордан.

    За многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, општина Пехчево и годинава обезбеди топли пијалоци за сите присутни.

    Инаку, Богојавление – Водици е христијански празник кој се слави уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...