Општина Пехчево во соработка со Јавното комунално претпријатие ,, Комуналец “ и ЈПУД ,, Равен “ вчера и денес ја спроведуваат промотивната акција за подогање на јавната свест за прашања поврзани со водата под слоганот „Вода за живот“.
Оваа акција во за чистење на дел од речното корито во Пехчево е во рамките на Проектот за управување со речниот слив на Брегалница, што го спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Овој проект е финансиран од страна на Владата на Швајцарија, и трае во континуитет повеќе години.
Во текот на денешната акција за чистење на дел од коритот на реката Писа беа собрани големи количини на комунален отпад.
Датум: