Пехчево во недела 07.09.2014 година одбележува 70 години од ослободувањето. Празникот на градот ќе се одбележи со повеќе настани.
Почитувани граѓани,
Градоначалникот на Општина Пехчево Игор Поповски и претседателот на Советот на општина Пехчево Стојче Стефановски, со посебна чест и задоволство Ве покануваат на свеченото одбележување на Денот на ослободувањето на Пехчево – 7 Септември.
10ч – Полагање на свежо цвеќе пред споменикот на Ванчо Китанов пред ООУ ,, Ванчо Китанов “
10:30 – Свечена седница на Советот на општина Пехчево ( ООУ ,, Ванчо Китанов )
– Кратка презентација за ОЈУДГ ,, 7 Септември “ – Пехчево;
– ОУ матична библиотека ,, Кочо Рацин “ – Пехчево организира поетско читање во чест на градот Пехчево и првоборецот Ванчо Китанов;
– Отчет на градоначалникот за досегашните завршени проекти, проекти кои се во тек и проекти и идни проекти;
– Доделување на благодарници и плакети за почесен граѓанин на општина Пехчево и најзаслужна фирма во општина Пехчево
12ч – Коктел во дворот на детската градинка ОЈУДГ ,, 7 Септември “ – Пехчево
19ч – Пригодна програма во чест на денот на ослободувањето на градот Пехчево – 7 Септември ( ПЛОШТАД ПЕХЧЕВО )
– Настап н аженската играорна група при Домот на културата ,, Јане Сандански “
– Настап на хорот на пензионери од Пехчево
– Настап на тамбурашкиот оркестар при ОУ Домот на културата ,, Јане Сандански “ – Пехчево