0.3 C
Pehčevo

    27-та седница на советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 27-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 27.06.2024 година (четврток). 27-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 26-та седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на буџетот на општина Пехчево за 2024 година;

    3.      Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за време на Фестивалот на дувачки оркестри Павловден 2024 година;

    4.      Предлог одлука за определување на начинот на распределба и цената за користење на просторот на плоштадот, за вршење на дејности за време на Фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски Павловден 2024;

    5.      Предлог одлука за давање согласност за формирање паралелки од I до IX одделение со помалку од 20 ученици во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево и подрачните училишта за учебната 2024/2025 година;

    6.      Предлог одлука за давање согласност на годишен план за вработување во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2025 година;

    7.      Предлог одлука за давање согласност на годишен план за вработување во OУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2025 година;

    8.      Предлог одлука за усвојување на тримесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2024 год. до 31.03.2024год;

    9.      Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за престанок на начинот за обештетување на граѓаните за солидарен погреб;

    10.  Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за запирање на наплата на административен надоместок за издавање одобрение за погреб;

    11.  Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за утврдување на висината на цената за работна рака;

    12.  Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за висината на цената за обновување на водоводен приклучок;

    13.  Предлог одлука за давање согласност на Одлуката од УО на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за наплата на извршни предмети без камата;

    14.  Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево во реализација на проектот – “Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2” за финансирање на техничка документација за „Замена на загадувачки со помалку загадувачки систем за греење во Домот на културата „Јане Санадански“ Пехчево;

    15.  Предлог одлука за утврдување на приоритет за аплицирање на Проектот на UNDP и Шведската Агенција за меѓународен развој (СИДА) „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти – Фаза 2“;

    16.  Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор во ОУ ДК Јане Сандански – Пехчево;

    17.  Барање од граѓани;

    18.  Советнички прашања;

                                                                                                                                              

     

                                                                                                Совет на општина Пехчево

                                                                                  Претседател

                                                                                                 Виолета Ѓорѓиевска

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...

    Стратегија за Локален Економски Развој на Општина Пехчево за 2025-2029

    Стратегија за Локален Економски Развој на Општина Пехчево за...

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...