0.3 C
Pehčevo

    25-та седница на советот на општина Пехчево

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 25-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 15.03.2024 година (петок). 25-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 13:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1.      Усвојување на записникот од 24-та седница на советот на општина Пехчево;

    2.      Предлог одлука за утврдување на цените на услугите што ги дава ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево и износот на надоместокот на трошоците за престој, што паѓа на товар на родителите;

    3.      Предлог одлука за усвојување на финансов извештај од завршната сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2023 година;

    4.      Предлог одлука за именување на член на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на JKП ,,Комуналец,, – Пехчево;

    5.      Предлог одлука за усвојување на финансов извештај од завршната сметка на OУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2023 година;

    6.      Предлог одлука за давање на мислење за реализација на годишната програма за изведување на ученички екскурзии, излети и други слободни активности за ученици од 3, 6 и 9 одделение во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2023/2024 година;

    7.      Предлог одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово– овластен градежен инспектор;

    8.      Предлог одлука за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Пехчево и општина Берово  – помлад инспектор за животна средина;

    9.      Предлог деловник за работа на советот на општина Пехчево;

    10.  Предлог одлука за усвојување на Деловник за работа на oпштинскиот совет за превенција на детско престапништво на oпштина Пехчево;

    11.  Предлог одлука за усвојување на Програма со акциски план за спроведување на активности за превенција на детско престапништво за 2024 година;

    12.  Предлог одлука за усвојување на дванаесетмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево од 01.01.2023 до 31.12.2023 година;

    13.  Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2023 година;

    14.  Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – декември 2023 година;

    15.  Предлог одлука за усвојување на полугодишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2023/2024 година;

    16.  Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2023 година;

    17.  Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2023 година;

    18.  Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2023 година до 31.12.2023 година;

    19.  Предлог одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај од работењето на општина Пехчево за 2023 година;

    20.  Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на општина Пехчево за 2023 година;

    21.  Предлог одлука за усвојување на извештај за извршен попис на парични средства на жиро сметките, благајните, побарувањата, обврските, градежните објекти, улици, патишта и опрема на општина Пехчево за 2023 година;

    22.  Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈПУД ,,Равен,, – Пехчево за 2023 година;

    23.  Барање од граѓани;

    24.   Советнички прашања

                                                                                                                        Совет на Општина Пехчево

                                                                                                                        Претседател

                                                                                                                         ср. Виолета Ѓорѓиевска

     

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...

    Стратегија за Локален Економски Развој на Општина Пехчево за 2025-2029

    Стратегија за Локален Економски Развој на Општина Пехчево за...

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...