Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.05/02), и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 29-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 18.10.2024 година (петок). 29-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 15:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на записникот од 28-та седница на советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на Годишен план за вработување во ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево за 2025 година;
- Предлог одлука за прифаќање на иницијатива за изработка на Урбанистички проект со намена Е1.13 Површински соларни фотоволтаични електрани на земја;
- Предлог одлука за утврдување на паричен надоместок за новородено дете на територијата на општина Пехчево;
- Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ОУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево;
- Предлог одлука за усвојување на измени и дополнувања на Буџетот на општина Пехчево за 2024 година;
- Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2024 година до 31.03.2024 година;
- Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2024 година до 30.06.2024 година;
- Предлог одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2024 година до 09.2024 година;
- Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на општина Пехчево во реализација на проектот – “Хортикултурно и партерно уредување на источниот влез на Пехчево на КП 1205/2 во Пехчево”;
- Предлог програма за работа на советот на општина Пехчево за 2025 година;
- Барање од граѓани;
- Советнички прашања; Совет на општина Пехчево Претседател Виолета Ѓорѓиевска с.р.
ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТ ->