-2.3 C
Pehčevo

    19-та Седница на Советот на Општина Пехчево

    Датум:

    Претседателот на Советот на Општина Пехчево, Стојче Стефановски донесе решение за свикување на деветнаесетата седница на советот.

    19-тата седница на Советот на Општина Пехчево е закажана за вторник 06.10.2015 година, со почеток во 12 часот.

    Седницата ќе се одржи во салата за состаноци на општина Пехчево, со предлог на следниот:

     

    ДНЕВЕН РЕД
    за 19-та седница на советот на Општина Пехчево

    1. Предлог Одлука за проширување и измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Пехчево за 2015 година;
    2. Предлог Одлука за сопствено учество – кофинансирање на Проектот “Изработка на Урбанистички планови за села во Источен плански регион за општините Кочани, Карбинци, Македонска Каменица, Зрновци, Чешиново – Облешево и Пехчево”;
    3. Предлог Одлука за прифаќање за одлагање на комуналниот отпад од општина Берово во општина Пехчево;
    4. Предлог Одлука за пристапување на општина Пехчево како основач на Здружение за рурален развој на Локална Акциона Група ,,Малеш – Пијанец”;
    5. Предлог Одлука за престанок на одлуката за преостапување на користење машина – ровокопач ЈСВ 4СХ на ЈКП ,,Комуналец,, -Пехчево;
    6. Предлог Одлука за усвојување на финансиски извештај на работењето на ЈКП “Комуналец” – Пехчево од 01.01.2015 година до 30.06.2015 година;
    7. Предлог Одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП “Комуналец” – Пехчево од првата половина на 2015 година;
    8. Предлог Одлука за усвојување на извештајот на полициската канцеларија Пехчево за I полугодие од 2015 година;
    9. Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООУ “Ванчо Китанов” –Пехчево за 2014/2015 година;
    10. Предлог Одлука за усвојување на Програмата за работа на ООУ “Ванчо Китанов” – Пехчево за 2015 година;
    11. Предлог Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата на ОЈУДГ “7 Септември” Пехчево за 2014/2015 година;
    12. Предлог Одлука за усвојување на Програмата за работа на ОЈУДГ “7 Септември” за 2015/2016 година;
    13. Предлог Одлука за давање на согласност за отварање и вршење на нова дејност во ОЈУДГ “ 7 Септември”- Пехчево – Згрижување на деца од 6 до 10 години;
    14. Информација за Прв Повик за проектни предлози на Програмата INTERREG – IPA СВС за прекугранична соработка Македонија – Бугарија;
    15. Барања од граѓани;
    16. Советнички прашања;
    17. Тековни активности.

    Совет на Општина Пехчево
    Претседател
    Стојче Стефановски с.р

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...