6 C
Pehčevo

    Дневен ред за 5-та седница

    Датум:

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 5-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 13.03.2026 год (петок). 5-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:

    ДНЕВЕН РЕД

    1. Усвојување на записникот од четврта седница на советот на општина Пехчево;
    2. Предлог oдлука за усвојување на полугодишен извештај за работа на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебната 2025/2026 година;
    3. Предлог одлука за усвојување на извештај од самоевалуација на ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за учебна 2023/2025 година;
    4. Предлог одлука за разрешување и именување на член на училишен одбор во ООУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево;
    5. Предлог oдлука за усвојување на извештај за извршен попис на парични средства на жиро сметките, благајните, побарувањата, обврските, градежните објекти, улици, патишта и опрема на општина Пехчево за 2025 година;
    6. Предлог oдлука за разрешување и именување на членови на општински совет за превенција на детско престапништво во општина Пехчево;
    7. Предлог одлука за именување на член на надзорен одбор на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    8. Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови во управен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
    9. Предлог одлука за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево;
    10. Предлог одлука за усвојување на финансиски извештај за фестивалот на дувачки оркестри Пехчевски павловден 2025 година;
    11. Предлог одлука за усвојувaње на годишен извештај за финансирање на проекти од областа на културата и спортот на општина Пехчево за 2025 година;
    12. Предлог одлука за усвојување на финансов извештај од завршната сметка на ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево за 2025 година;
    13. Предлог одлука за усвојување на деветмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период од 01.01.2025 до 30.09.2025 година;
    14. Предлог одлука за усвојување на дванаесетмесечен извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево од 01.01.2025 до 31.12.2025 година;
    15. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за 2025 година;
    16. Предлог одлука за усвојување на Извештај за извршени работи во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево за период јануари – декември 2025 година;
    17. Предлог одлука за усвојување на финансов извештај од завршната сметка на OУ ДК ,,Јане Сандански,, – Пехчево, за 2025 година;
    18. Предлог одлука за сопствено учество (кофинансирање) и одобрување на финансиски средства на општина Пехчево за реализација на проект ,,Реконструкција на кров на детска градинка ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
    19. Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево во реализација на проектот „Набавка на машина и детектор за дефекти на канализација и водовод” во Општина Пехчево;
    20. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на OOУ ,,Ванчо Китанов,, – Пехчево за 2025 година;
    21. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на ОУ МБ ,,Кочо Рацин,, – Пехчево за 2025 година;
    22. Предлог одлука за сопствено учество (кофинансирање) и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево за реализација на проектот -„Партерно уредување и поставување на урбана опрема на Еко парк Езерце – Пехчево;
    23. Предлог одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти;
    24. Предлог одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај од работењето на општина Пехчево за 2025 година;
    25. Предлог одлука за усвојување на Завршната сметка на општина Пехчево за 2025 година;
    26. Одлука за усвојување на Кварталeн извештај за извршување на буџетот на општина Пехчево за период од 01.01.2025 година до 31.12.2025 година;
    27. Барање од граѓани;
    28. Советнички прашања;

     

     

     

    Совет на општина Пехчево

                                                                                  Претседател

                                                                                                      Миле Гошевски с.р.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Јавен повик за доставување на понуди за реконструкција на административна зграда на општина Пехчево

    Република Северна Македонија   БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ за   За  Реконструкција на административна...

    ЈАВЕН ПОВИК за членови на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    Во согласност со одлуката на Владата за што поголема...