Врз основа на член 48 точка 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.05/02 и Сл.Весник на РСМ бр.202/24) и член 21 алинеја 5 од Статутот на општина Пехчево (Сл. Гласник на општина Пехчево бр.03/2021), ja свикувам 1-та седница на Советот на општина Пехчево за ден 20.11.2025 (четврток). 1-та седница на советот на општина Пехчево ќе се одржи во просториите на општина Пехчево, со почеток во 10:00 часот. За работа на седницата го предлагам следниот:
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување на записникот од конститутивната седница на советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за Статут и прописи;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за финансирање, Буџет и локален економски развој;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за изработка на програма на советот на општина Пехчево;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за заштита на пациентите;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за одбележување на значајни настани;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за општествени дејности;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за венчавки;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за еднакви можности на жените и мажите;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за заштита на потрошувачите;
- Предлог одлука за формирање на Комисија за процена на штета при елементарни непогоди;
- Предлог oдлука за разрешување и именување на член на Управен одбор во ОЈУДГ ,,7 Септември,, – Пехчево;
- Предлог одлука за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Пехчево во реализација на проектот – “Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти- Фаза 2” за финансирање на техничка документација за „Канализациона мрежа на дел од с. Панчарево“, Пехчево;
- Предлог одлука за разрешување и именување на член на Управен одбор во ЈЗУ Здравствен Дом Д-р. Иван Георгиев – Пехчево;
- Предлог за распишување на јавен повик за пријавување на лица за членови во управен и надзорен одбор во ЈКП ,,Комуналец,, – Пехчево;
- Предлог одлука за прифаќање на донација (противпожарна опрема);
- Барање од граѓани;
- Советнички прашања;
Совет на општина Пехчево
Претседател
Миле Гошевски с.р.
