Совет

Советот е претставнички орган на граѓаните кој одлучува во рамките на надлежностите на Општината.

За разгледување на прашања и утврдување предлози од одредена област, Советот од својот состав може да формира постојани и повремени комисии, а составот и начинот на изборот на членовите на комисиите се уредуваат со Статутот и нивниот состав соодведствува на пропорцијоналната застапеност на политичките партии во Советот.

Советот го сочинуваат претставници на граѓаните избрани на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.

Изборот на членовите на Советот се уредува со Закон. Бројот на членовите на Советот се утврдува во зависност од бројот на жителите во Општината и не може да биде помал од 9 (девет) члена ниту поголем од 33 (триесет и три ) члена.

Советот на Општина Пехчево го сочинуваат 9 (девет) членови на Советот во согласност со бројот на жителите во Општината.

Членовите на Советот се избираат за време од четири години.

Членовите на Советот ги претставуваат граѓаните и во Советот одлучуваат по свое уверување. Членот на Советот не може да биде отповикан.

Советот избира председател од редот на членовите на Советот со мандат од четири години.

Претседателот на Советот ги има следните обврски: Ги свикува и раководи со Седниците на Советот, се грижи за организацијата и работата на Советот, ги потпишува прописите што ги донел Советот и во рок од три дена од денот на нивното донесување ги доставува на градоначалникот заради објавување.

 СПИСОК НА СОВЕТНИЦИ ОД ОПШТИНА ПЕХЧЕВО ПО НАЦИОНАЛНА И ПАРТИСКА ПРИПАДНОСТ 2025-2029 година:

  1. Миле Гошевски, ВМРО – ДПМНЕ и коалиција – македонец;
  2. Марјана Андоновска, ВМРО – ДПМНЕ и коалиција – македонка;
  3. Јордан Магдов, ВМРО – ДПМНЕ и коалиција – македонец;
  4. Слободанка Секуловска, ВМРО – ДПМНЕ и коалиција – македонка;
  5. Благојчо Јовевски, ВМРО – ДПМНЕ и коалиција – македонец;
  6. Николчо Јовчев, СДСМ и коалиција – македонец;
  7. Весна Каракашовска, СДСМ и коалиција – македонка;
  8. Ангел Каракостов, СДСМ и коалиција – македонец;
  9. Марјанчо Димитров, Движење ЗНАМ – македонец;

________________________________________________________________________________________________________________________________________________

СПИСОК НА СОВЕТНИЦИ ОД ОПШТИНА ПЕХЧЕВО ПО НАЦИОНАЛНА И ПАРТИСКА ПРИПАДНОСТ 2021-2025 година:

Реден број

Име и презиме

Партиска припадност

Национална припадност

1

Виолета Ѓорѓиевска

 

Независна советничка листа

Македонка

2

Николчо Спасевски

 

ВМРОДПМНЕ и коалиција

Македонец

3

Валентина Станоевска

 

ВМРОДПМНЕ и коалиција

Македонка

4

Миле Гошевски

 

ВМРОДПМНЕ и коалиција

Македонец

5

Цветанка Каракашевска

 

ВМРОДПМНЕ и коалиција

Македонка

6

Борче Пандурски

 

ВМРОДПМНЕ и коалиција

Македонец

7

Елена Михаилова

 

СДСМ и коалиција

Македонка

8

Љупчо Костадинов

 

СДСМ и коалиција

Македонец

9

Ирена Мачевска

 

СДСМ и коалиција

Македонка

10

Нада Симовска

 

СДСМ и коалиција

Македонка

11

Спаско Ингилизов

 

Независна советничка листа

Македонец