6 C
Pehčevo

    Локалниот младински совет од Пехчево оствари посета на Младиснкиот центар во Пробиштип и Младинскиот хаб во Штип

    Датум:

    Овој викенд претставници на Локалниот младински совет и Локалното собрание на млади при Општина Пехчево заедно со службеникот за млади, Елица Јовевска, беа во посета на Младиснкиот центар во Пробиштип и Младинскиот хаб во Штип. Разменија искуства за начинот на функционирање на горенаведените центри, за тоа како делуваат во општеството, кој раководи со нив и какви активности спроведуваат. Тоа за младите од Пехчево беше уште едно позитивно искуство, како да придонесат повеќе за доброто на заедницата и општината во која живеат. Оваа посета беше само почеток на соработката на Локалниот младински совет од Пехчево со други младински центри и почеток на едно ново пријателство од кое ќе произлезат многу заеднички активности.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Јавен повик за доставување на понуди за реконструкција на административна зграда на општина Пехчево

    Република Северна Македонија   БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ за   За  Реконструкција на административна...

    ЈАВЕН ПОВИК за членови на Управен одбор во ЈКП ,,Комуналец” Пехчево

    Во согласност со одлуката на Владата за што поголема...