1.6 C
Pehčevo

    Буџетски форум 2023

    Датум:

    Буџетски форум 2023

    Општина Пехчево спроведе буџетски форум за креирање на буџетот на Општина Пехчево за 2023 година, кој овозможи директно учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво, транспарентно и отчетно работење на општинската администрација и зголемување на довербата во локалната самоуправа.
    Целта на буџетскиот форум е, граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите на општината и со свои предлози и идеи да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2023 година во рамките на приоритетите за развој на општината за наредната година. Имено на граѓаните им се нуди можност да учествуваат во предлагањето на нови извори на приходи и да даваат насоки за приоритетните програми и проекти во согласност со нивното значење за целата локална заедница, а кои локалната самоуправа треба да ги има во предвид при изработката на буџетските трошоци за наредната година.
    Општина Пехчево со одржувањето на буџетскиот форум покажа високо ниво на транспарентност и отчетност пред своите граѓани, сметајќи дека ова е одлична можност да се изготви буџет во согласност со потребите и приоритетите на граѓаните.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026

    БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2026 НА ОПШТИНА ПЕХЧЕВО На 24.11.2025 и...

    Дневен ред за 3-та седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Локалниот младински совет од Пехчево оствари посета на Младиснкиот центар во Пробиштип и Младинскиот хаб во Штип

    Овој викенд претставници на Локалниот младински совет и Локалното...