Култура

Домот на културата ,,Јане Сандански,, -Пехчево е единствена институција од областа на културата и главен двигател на сите случувања од областа на културно забавниот живот на Општина Пехчево.Работата на домот на култура се базира на проекти и програми подржувани од Министерството за култура.Од 01.07.2005 година според законот за култура домот на културата ,,Јане Сандански,, има статут на локална установа.Токму затоа сите активности кои се реализираат се во непосредна корелација со Општина Пехчево.Домот на културата е институција од отворен тип,отворена за соработка со сите институции од областа на културата,образованието и науката.НВО секторот и сите оние кои се подготвени и отворени за соработка Д.К ,,Јане Сандански,,својата културна дејност и активности ги реализира преку следните сегменти и активности :

– Сценско-уметничка (музичка) дејност

– Драмска

– Културно наследство

– Литературна (библиотекарство)

– Кинотечна

– Манифестации и фестивали

– Меѓународни културни соработки

– Соработка со НВО секторот

– Соработка со локалната самоуправа

Општина Пехчево © 2013 - 2020 Сите права се задржани | Hosting and Development by MSP Myserverplace