4.3 C
Pehčevo

    Завршуваат градежните работи околу изградбата на канализацијата во село Чифлик и индустриската зона Подуово

    Датум:

    Село Чифлик во Пехчево ќе добие канализација. Се изведуваат градежните работи од втората фаза од проектот, додека првата фаза беше спроведена уште минатата година. Колекторскиот систем за одпадни води и фекалии беше еден од нај горливите проблеми на жителите во оваа село.
    „Во крајна фаза е изработката на втората фаза и следи трета фаза за која е завршена тендерската постапка. Со завршувањето, комплетно село Чифлик ќе има канализација на целата територија“, рече Поповски.

    Средствата со вкупна вредност од околу 10 милиони денари се обезбедени преку Бирото за регионален развој, Министерство за локална самоуправа и општина Пехчево, а општината во 2013 година аплицираше преку програмата за развој на Источно планскиот регион.
    Освен во село Чифлик завршуваат градежните работи околу изградбата на канализацијата во индустриската зона Подуово, која во текот на месец октомври ќе биде пуштен во функција.

    „Во моментов се работи на канализацијата во индустриската зона, на изведување на градежните работи на последниот крак“, кажа градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...