-2.6 C
Pehčevo

    Завршија градежните работи за изградба на таложник за прочистување на водата во Пехчево

    Датум:

    Таложник
    Завршија градежните работи за изградба на таложник до филтер-станицата на градскиот водовод во Пехчево. Градоначалникот Игор Поповски кој денеска направи увид во извршените работи, истакна дека изградбата на таложникот треба да го реши проблемот со заматување на водатата во градскиот водовод кое се јавува по секој пообилен дожд.
    – Завршивме со градежните работи, а од утре продолжуваме со поставување на  инасталацијата за вода. Ние во консултации со стручни служби, цениме дека со таложникот ќе се надмине проблемот. Пехчево се снабдува со вода од река, а не од акумулација и тука се јавува проблемот, кога има поголема количина вода се појавува еден вид ударен бран во филтер-станицата. Водата редовно се контролира во лабораторијата во филтер-станицата и резултатите покажуваат дека таа е бактериолошки исправна за користење, рече Поповски.
    Тој додаде дека Пехчево троши 30 литри вода во секунда, а водата ја користи и градот Пехчево и 4 села.
     – Ова значи дека  филтер–станицата  е максимално оптоварена, а со таложникот ќе направиме дополнително таложење и прочистување на водата, а во наредниот период мора да размислуваме за трајно да го решаваме проблемот со потребите за вода во насока да се направи дополнителен зафат. Вложивме доста напори да се исчисти водата, неколку пати ја реновиравме филтер-станицата, додававме елементи, така што во тој поглед, филтер- станицата е комплетна, рече Поповски.
    Таложник
    Инвестицијата во таложникот е 1,8 милиони денари, средства обебзедени од Министерството за животна средина и буџетот на општината, додека во филтер- станицата досега се инвестирани  20 илјади американски долари, средства од Општината и донаторот УСАИД.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...