Во рамки на проектот Open Fun Football Schools во спортската сала ,, Јане Сандански ‘‘ започна четиринаесетиот по ред фудбалски настан, организиран од Опен фан фудбалската школа во Пехчево.
Целта на овој проект на „толеранција“ е поврзување на децата и луѓето од различно етничко потекло на повторно ниво на дијалог. Неговата основна идеја е „фан – забавниот концепт“: Она што е важно е аспектот на играта, задоволството кое произлегува од играњето, а не резултатот и подобрувањето на нивото на вештините.
Во организација на Опен фан фудбалската школа и општина Пехчево повеќе од 120 деца од ООУ ,, Ванчо Китанов ‘‘, 5 дена ќе другаруваат и ќе се забавуваат низ спортски игри.
Како дел од екипата која го организира овој настан е и локалната самоуправа на чело со градоначалникот Игор Поповски кој на сите им посака многу забава и дружба.