-2.3 C
Pehčevo

    Започна уредувањето на шест пешачки улици со бехатон плочки во градот Пехчево

    Датум:

    Улички пешачки

    Изградбата на патна инфраструктура и брзиот транспорт на стоки и луѓе се едни од главните фактори за развој на една општина и нејзин економски просперитет и напредок. Токму затоа локалната самоуправа на Пехчево во последните неколку години посвети огромно внимание на изградба, реконструкција и рехабилитација на улици. Пехчево во последните години доживеа вистинска ренесанса кога станува збор за изградбата на новa патна мрежа.

    Улички пешачки2

    Деновиве започна уредувањето на шест пешачки улици со бехатон плочки во градот Пехчево.

    Градоначалникот Игор Поповски истакна дека овие улици ќе се наменети претежно за пешаци.

    – За овие улички набавивме 1200м2 бехатон  кои се наменети за истите. Најпрвин стартувавме со уредување на две пешачки улици во новата населба, каде работите со изградбата веќе привршуваат, а денес започнавме и со уредување на другите четири улици во Пехчево каде работите треба да завршат за еден месец, истакна градоначалникот Поповски.

    ????????????????????????????????????

    Средствата за изградба на овие улици се обезбедени од Буџетот на општината, додава Поповски.

    -На овој начин ние ќе го решиме долгогодишниот проблем на жителите кои зимно време газеа по кал, а летно дишеа прашина. Така што и како пешачки зони ќе ги уредиме и придонесеме за поголема безбедност на пешаците, рече Поповски.

    Улички пешачки3

    Само пред неколку години повеќе од уличната мрежа во градот беше неасфалтирана. Во меѓувреме се асфалтирани или се асфалтираат и се изградени многу улици во градот така што сега состојбата со уличната мрежа во градот е сосема поинаква. Од вкупната улична мрежа во општината остануваат уште многу малку неасфалтирани улици.

    Општина Пехчево со несмалено темпо, ќе продолжи и понатаму да инвестира во овој сектор, како во градот така и во сите населени места на територијата на нашата Општина.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Дневен ред за 32-ра седница

    Врз основа на член 48 точка 1 од Законот...

    Кампањата „Општина на дланка“

    Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина...

    ОДОБРУВАЊЕ на Проектна Програма  ЗА ИЗРАБОТКА Н УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН РАВНА РЕКА

    Градоначалникот на Општина Пехчево, решавајќи по предлогот за одобрување...

    Донација на вода за пиење од Општина Пехчево во Општина Берово

        Дел од донацијата на вода, која беше донирана...