0.9 C
Pehčevo

    Започна новата учебна година 2019/2020. Среќен почеток ПРВАЧИЊА

    Датум:

    Првачиња1

    Со звукот на звончето и официјално започна новата учебна година во ООУ.„Ванчо Китанов“ во Пехчево. Во општина Пехчево новата учебна година ја започнаа 305 ученици, додека во училишните клупи за прв пат седнаа 39 првачиња.

    Првачиња4

    Градоначалникот Драган Тренчовски на сите првачиња, честитајќи им го првиот ден на училиште и посакувајќи им среќа и успех во учењето,  им дари училишен прибор, а упати и честитки за првиот училишен ден и на сите ученици им посака успеси во новата наставна година.

    Првачиња2

    -Од денес започнува вашата трка по знаења во која од ден на ден ќе бидете се побогати и побогати. Треба да ги почитувате и слушате вашите наставници, затоа што тие ви го мислат најдоброто, затоа што учителката е вашата втора мајка. Јас не се сомневам дека ќе биде така, бидејќи како што ве гледам, сите вие до еден сте прекрасни и умни деца. Првото училишно ѕвонче е само вовед во првата научена буква, првото напишано зборче, првата научена песничка, првата решена задача и уште многу други нешта. На тој начин ќе се стекнувате со нови знаења кои за вас ќе бидат од непроценливо значење. Затоа, бидете горди што тргнувате во училиште. Бидете горди што сте првачиња, рече во својот поздравен говор пред првачињата, нивните родители и наставниците, градоначалникот Тренчовски.

    Првачиња3

    Инаку, денес градоначалникот Тренчовски ги посети и им посака среќна учебна година и на дечињата од детската градинка „7 Септември“ и на сите групи во градинката им подари сликовници.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...