7.1 C
Pehčevo

    Започна изградбата на улиците „Бел камен“ и „7 Септември“ во Пехчево

    Датум:

    Улица бел камен

    Во општина Пехчево  започнаа градежните активности за изградба на две улици. Улицата „Бел Камен“ и ул. „7 Септември “ во Пехчево ќе бидат поплочени со бекатон плочки. Фирмата изведувач на градежните активности е „СД Транс“ од Делчево, и моментално работат на подготвување на теренот. Започнато е со порамнување и тампонирање на улиците кои во проектот е предвидено да бидат со широчина од 3 метри и должина од околу 200 метри.

    Бел камен улица

    Градоначалникот на општина Пехчево Драган Тренчовски лично е на терен да види како се движи динамиката на работата на истите улици.

    -Како дел од Програмата за изградба и одржување на локалните улици и патишта во општинаПехчево, започнавме со активности за изградба на две улици во Пехчево, наредната недела започнуваме и со изградба на улица во село Црник, а исто така со средства обезбедени преку Министерството за финансии во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) – Втор МСИП,  паралелно работиме и по останатите населени места и тоа изградба на две улици во с.Умлена и две улици во с. Робово, а ја изградивме и трпезаријата при детската градинка 7 Септември, истакна Тренчовски.

    Улица бел камен1

    Тренчовски кажа дека ќе се имплементираат и дополнителни проекти кои овозможуваат подобрување на безбедноста, на мобилноста и превозот на пример: градежни работи за изгрaдба на потпорни ѕидови, мали свлечишта, пропусти за прифаќање на поројни води и други објекти по должината на патната мрежа со кои ќе се санираат небезбедни и ризични места.

    Со изградбата на новите улица Општина Пехчево продолжува со предвидената динамика да ја подобрува состојбата на постојните улици, како и изградба на нови улици на нејзина територија.

    Средставата за изградба на овие две улици се обезбедени од Буџетот на Општина Пехчево, а вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува околу 1.200.000,оо денари.

    Сподели на:

    Најчитано

    Поврзани
    Поврзани

    Во Пехчево почнаа подготовки за празникот Богојавление – Водици

    Општина Пехчево во соработка со свештениците од црквата „Св....

    Средба со менаџерскиот тим на Kingman Refractory

    На 26 декември 2024 година, делегација од Kingman Refractory,...

    Усвоен буџетот на Општина Пехчево за 2025година

    На 32-рата седница на Советот на Општина Пехчево која...